NONS треба да ги заштити корисниците од вируси кои влегуваат во организмот преку горниот респираторен тракт.
Израел и Нов Зеланд издадоа привремено одобрение за продажба на спреј за нос, азотен оксид (NONS) од биотехнолошката компанија SaNOtize Research and Development, што може да помогне да се спречи пренесувањето на коронавирусот
Производството на спрејот наречен „Enovid“ започна во Израел во соработка со партнерската компанија на SaNOtize, Nextar Chempharma Solutions Ltd и се очекува производот да се најде во продажба таму во текот на летото.
Во Нов Зеланд, SaNOtize регистрираше спреј за нос со одобрение од Регулаторната агенција на Нов Зеланд, Администрацијата за безбедност на лекови и медицински помагала, дозволувајќи и на компанијата веднаш да го дистрибуира и продава производот без рецепт, соопшти компанијата од Ванкувер.
NONS треба да ги заштити корисниците од вируси кои влегуваат во организмот преку горниот респираторен тракт.
Но, Министерството за здравство на Нов Зеланд објави дека сè уште не го одобрило производот за употреба како антивирусен спреј за нос.
Одобрението на кое се повикува компанијата не го исполнува класичниот процес на аплицирање или одобрување, соопшти Министерството за здравство вчера, објаснувајќи дека ќе продолжи со понатамошните преговори со компанијата.
Минатата недела, SaNOtize и британската фондација на болницата Ешфорд и Сент Луис Питерс ги објави резултатите од клиничките испитувања кои покажуваат дека NONS е ефикасен антивирусен лек што може да спречи пренесување на коронавирусот, да го скрати времетраењето на болеста и да ја ублажи сериозноста на симптомите кај веќе заразените пациенти.
Крис Милер, водечки научник во SaNOtize, рече дека нивната формула за азотен оксид за човечка употреба е дизајнирана да „уништи вируси во горниот респираторен тракт, спречувајќи ги да инкубираат и да се шират во белите дробови“.