23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевообичаено откритие: Обична настинка може да ве заштити од коронавирус, но само...

Невообичаено откритие: Обична настинка може да ве заштити од коронавирус, но само за кратко време

За жал, имунолошкиот одговор на обичната настинка се смирува неколку дена по завршувањето на болеста, а САРС-CoV-2 потоа може да го нападне телото.

Една нова студија од Универзитетот во Глазгов покажа дека вирусите кои предизвикуваат настинка успешно се натпреваруваат со новиот коронавирус и го исфрлаат од човечкиот респираторен систем.

Вирусите кои предизвикуваат настинка се нарекуваат риновируси и во човечкото тело, според студија на шкотски научници, ќе ја совладаат и блокираат репликацијата на вирусот САРС-КоВ-2, предизвикувачкиот агенс на КОВИД-19.

Се проценува дека риновирусите се одговорни за 40 проценти од обичните настинки, кратки и безопасни болести.

Вирусите се натпреваруваат за опстанок кај нивните домаќини, но некои може да коегзистираат со други. На пример, аденовирусите можат да делат куќа (човечки клетки) со други вируси.

Но, вирусите на грип или обичната настинка се осамени воини. Тие ја напаѓаат човечката клетка сами и сакаат да останат сами во неа.

Знаејќи го ова, научниците од Универзитетот во Глазгов направија копија на човечкиот респираторен систем што коронавирусот го користи за да влезе во телото. Потоа ги вметнаа двата вируси во реплицираниот респираторен систем и им дозволија слободно да ги напаѓаат клетките.

Кога двата вируси беа ослободени истовремено, риновирусот активираше природен имунолошки одговор што ја блокираше репликацијата на коронавирусот во респираторниот епител кај човекот, изјави водачот на студијата Пабло Мурсија. Ова значи дека респираторниот систем бил заразен само со обична настинка.

Кога риновирусот беше пуштен со 24-часовна предност, коронавирусот немаше никакви шанси. Дури и во обратна ситуација, кога на коронавирусот му беше дадена предност од еден ден за колонизација, риновирусот пристигна подоцна и повторно го „протера“ САРС-КоВ-2 од клетките.

Заклучокот е едноставен, САРС-CoV-2 во директен судир со риновирус нема шанси.

Ова значи дека имунолошкиот одговор на обичната, лесна настинка, може да обезбеди одредено ниво на привремена заштита од коронавирусот, рече професор Мурсија.

За жал, имунолошкиот одговор на обичната настинка се смирува неколку дена по завршувањето на болеста, а САРС-CoV-2 потоа може да го нападне телото.

Иако ова знаење може да се искористи при развивање стратегии против КОВИД-19, шкотските научници забележуваат дека дотогаш „вакцинацијата е најдобра заштита“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП