21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 79 пациенти

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 79 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 79 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека вкупно 592 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а во последното деноноќие дома биле пуштени 64 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид-центрите на интерните и на хируршките клиники во Скопје се лекуваат 276 пациенти.

„Во ГОБ 8 Септември има вкупно 119 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца има 36 лица. На Клиниката за Детски болести има 21 пациент позитивни на Ковид-19 и 7 на ГАК“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

Од вкупно 592 пациенти потврдени и сомнителени за Ковид-19, кои се лекуваат во болниците во главниот град, голем дел се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, но се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП