19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина многу заостанува при набавките на американски стоки

Кина многу заостанува при набавките на американски стоки

Кина заостанува зад двегодишните цели поставени во трговскиот договор со Соединетите држави, откако азиската економија број еден досега успеа да купи само околу една третина од стоките за кои се согласи, наведува „Bloomberg“.

Вкупниот број на набавки на земјоделски, индустриски и енергетски стоки од САД достигна 123 милијарди долари за 14 месеци од потпишувањето на трговскиот договор во јануари 2020-та година, според анализата на официјалните кинески податоци од „Bloomberg“. Ова е еднакво на 32,6% од целта од 378 милијарди долари за периодот 2020-21 година.

Постои широко распространет скептицизам дека Кина некогаш ќе може да ги исполни ветените цели за набавка на американски стоки дури и пред избувнувањето на коронавирусот, што сериозно ја оштети побарувачката во Кина и можноста на САД да ја испорачаат ветената стока.

Нејасно е дали Кина ќе биде санкционирана од Соединетите држави затоа што не ги исполнила целите на договорот.

Иако кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека за време на неодамнешните разговори меѓу двете страни на Алјаска се разговарало за трговијата меѓу двете земји, но не бил спомнат конкретно трговскиот договор и што ќе направат двете страни со царините воведени за време на трговската војна иницирана од Доналд Трамп.

Кина го зголемува увозот на земјоделски производи во САД од крајот на минатата година, бидејќи се обидува да ја поддржи побарувачката на свинско месо и да ги надомести недостатоците на храна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП