27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАPfizer ќе ја користи mRNA технологијата и за други вакцини

Pfizer ќе ја користи mRNA технологијата и за други вакцини

Pfizer планира mRNA технологијата што се користи во вакцината за коронавирус која ја произведе со германски BioNTech, да ја користи и за развој на вакцини за други вируси, објави во вторникот Wall Street Journal.

Американската компанија која разви вакцина против коронавирус со германскиот партнер BioNTech е подготвена да работи независно на mRNA технологијата по минатогодишното искуство, изјави нејзиниот шеф Алберт Бурла за Wall Street Journal.

Вакцината на Pfizer и BioNTech, создадена на платформа на mRNA технологија, се покажа 90 проценти ефикасна против Ковид-19 и денес игра голема улога во борбата против болеста, која однесе скоро 3 милиони животи.

Вакцината на двете компании, заедно со mRNA вакцината развиена од американската компанија Модерна, е одобрена за употреба во САД и Европа, што е прва примена на оваа технологија надвор од клиничките испитувања.

Успехот на оваа технологија ги поттикна фармацевтските компании да ја користат надвор од развојот на вакцините, вклучително и во борбата против ракот, што привлече милијарди долари инвестиции.

„Сметаме дека е големо признание што компаниите како нашиот партнер Pfizer започнуваат со своите стратегии за вакцинирање со mRNA“, изјави за Ројтерс портпаролката на BioNTech.

CureVac, Gileas Science, Sanofi и Translate Bio исто така започнаа да работат на оваа технологија.

Тековниот бизнис со вакцини на Pfizer, вклучително и Превнар 13 против пневмокока, и донесе на компанијата 6,58 милијарди долари минатата година, или 16 проценти од вкупната годишна заработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП