24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХакери со најголемо барање за откуп во историјата

Хакери со најголемо барање за откуп во историјата

Според „Форбс“, сајбер криминалците ги нападнале компјутерите што ги користеле вработените во технолошката компанија „Acer“, барајќи откуп од дури 100 милиони долари, со цел да ги дешифрираат уредите и да ги вратат сите податоци.

Неофицијално, доколку Acer се согласи да го плати откупот веднаш, хакерите ќе бидат задоволни со 50 милиони долари или половина од првично побараната сума.

Компанијата не даде официјална изјава за да го потврди нападот, но се наведува дека тие пријавиле „необична ситуација“ кај властите.

Ако Acer се согласи да ги плати овие 50 милиони долари, тоа ќе биде највисокиот откуп за компјутерски криминал досега, а претходниот неславен рекорд го „држи“ компанијата Dairy Farm, на која и се побарани дури 30 милиони долари.

Да потсетиме, неодамна гејмерското студио CD Projekt Red беше мета на сајбер криминалци, кога сето тоа кулминираше со продажба на изворниот код за Cyberpunk 2077, а во исто време ажурирањето беше одложено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП