Вкупната површина на шуми во Европската унија во 2020-та година е 159 милиони хектари.
Шумите покриваат 38% од територијата на Заедницата, според податоците на Евростат.
Шумската област на Европа е зголемена за скоро 10% од 1990-та година.
Во пет земји на ЕУ, повеќе од половина од територијата е покриена од шуми. Тоа се Финска (66%), Шведска (63%), Словенија (61%), Естонија (54%) и Летонија (53%).
На дното на рангирањето се Малта (1%), Холандија (10%), Ирска (11%), Данска (15%) и Кипар (19%).

Шумите играат клучна улога во одржувањето на екосистемите во природата и за многу човечки активности, потсетуваат од Евростат.
Покрај обезбедувањето енергија и градежни материјали, шумите делуваат како „филтер“ за прочистување на атмосферата, складираат јаглерод диоксид и спречуваат поплави.
Големите шуми, кои се во добра состојба, ги извршуваат овие функции многу поефикасно.