29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Lexus“ влегува во зоната на германците со својот нов „SUV“

„Lexus“ влегува во зоната на германците со својот нов „SUV“

Дилерите на „Lexus“ се задоволни од продажбата на кросоверот „RX“, но инсистираат компанијата да лансира уште поскап и луксузен „SUV“, со кој ќе може да им конкурира на германските модели кои подолго време доминираат во овој сегмент. Сличен модел – „LF-1“, веќе е претставен како концепт, а сега излегуваат детали за неговата иднина.

Прототипот „LF-1 Limitless“ (на сликата) беше мешавина од спортски автомобил и кросовер, а неговата сериска верзија ќе го задржи овој стил, според „Best Car Web“, што укажува на одреден датум за објавување на новиот предводник на „Lexus“ на пазарот – 2023-та година.

Сериската верзија ќе се вика само „LF“, што е малку збунувачки, бидејќи името што го користат Јапонците за нивните концептни модели значи „Lexus Future“. Од друга страна, тој се комбинира со статусот на предводникот на марката и ќе го оддели од „LX“, кој е базиран на „Toyota Land Cruiser“.

Во основата на моделот ќе биде платформата „TNGA-L“ – иста како и седанот „LS“, а тоа подразбира поспортски систем за погон на четири тркала. Се претпоставува дека тоа ќе биде хибриден погон, кој ќе се базира на 3,5-литарски V6 бензински мотор, но можно е да има верзија со 4,0-литарски V8 со турбо. Овој мотор може да генерира до 650 ks и сега е вграден во „Lexus US F“ и „LS F“.

После толку долг циклус на развој, не е изненадувачки што автомобилот ќе биде многу скап. Цените на серискиот „LF“ се очекува да варираат помеѓу 15 и 20 милиони јени или од 115.000 до 150.000 евра. И тоа веќе значи влегување на територијата на „Porsche Cayenne“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП