Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места ќе има повремен снег, а во југоисточните делови дожд и снег со послаб интензитет.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 5 до 0, а максималната од 2 до 9 степени. Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Повремено ќе има услови за провејување снег. Минималната температура ќе се спушти до минус 2, а максималната ќе достигне до 5 степени, соопшти УХМР.

