Мајкл Јидон беше научен истражувач и потпретседател во Фајзер. Тој е еден од основачите на успешната биотехнолошка компанија која се продаде за стотици милиони, но сепак, неговата кариера зазеде неочекуван правец за време на пандемијата.
Минатата година, полупензионираниот британски научник беше еден од иницијаторите на петицијата упатена до европската регулаторна агенција. Потписниците побараа смело барање: да се запрат клиничките испитувања за вакцините ковид-19. Нивниот аргумент беше уште посмел: тие шпекулираа, без никакви докази, дека вакцините може да предизвикаат неплодност кај жените.
Контроверзна петиција
Документот се појави на една германска веб-страница на 1 декември. Научниците ја отфрлија нивната теорија, а ниту регулаторните агенции не се поколебаа. Неколку недели подоцна, Европската медицинска агенција ја одобри првата вакцина за Европската унија. Тоа беше вакцина развиена од Pfizer и BioNTek. Сепак, штетата е веќе направена.
Социјалните мрежи брзо ширеа неосновани тврдења дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат неплодност кај жените. За неколку недели, лекарите и медицинскиот персонал во Велика Британија започнаа да известуваат дека загрижени жени ги прашуваат дали тие тврдења се точни. Во јануари, истражувањето спроведено од Фондацијата на семејство Кајзер (КФФ), непрофитна организација, покажа дека 13 проценти од невакцинираните лица во САД слушнале дека „вакцините против ковид-19 се покажале како причина за неплодност“.
Она што му даде кредибилитет на ова неосновано тврдење е фактот дека еден од иницијаторите на петицијата, Мајкл Јидон, не е било кој научник. 60-годишникот е поранешен потпретседател на Фајзер, каде помина 16 години како истражувач за алергии и респираторни заболувања. Подоцна основал биотехнолошка компанија која швајцарската фармацевтска компанија Новартис ја купила за 325 милиони долари.
Херој на анти-ваксерите
Во последните месеци, Јидон стана неочекуван херој на таканаречените анти-ваксери. Движењето против вакцините ги прошири скептичните ставови на Јидон за вакцините и тестовите за ковид-19, владините мерки за заклучување и текот на пандемијата. Ројтерс истакнува дека Јидон изјавил дека тој лично не се противи на употребата на сите вакцини.
Сепак, многу здравствени експерти и владини службеници стравуваат дека ставовите како неговиот поттикнуваат отпор против вакцинирањето, што може да го продолжи времетраењето на пандемијата. Повеќе од 2,7 милиони луѓе починаа од ковид-19 ширум светот.
„Овие тврдења се лажни, опасни и крајно неодговорни“, рече портпаролот на британското Министерство за здравство и социјална работа на прашањето за ставовите на Јидон.
Ројтерс наведува дека Јидон не одговорил на нивните повици да ги објасни своите ставови. Додека ја пишувале оваа статија, новинарите од Ројтерс прегледа илјадници негови објави на Твитер во текот на изминатите две години, како и други соопштенија и изјави. Британската агенција контактирала и со луѓе кои го познавале, вклучувајќи и четворица негови колеги во Фајзер.
Од мејнстрим научник до скептик
Петицијата на Јидон се споменува на веб-страницата на групата основана од влијателниот скептик за вакцините, Роберт Ф. Кенеди, член на американската политичка династија, кој неодамна беше блокиран од Инстаграм поради објавите за вакцини против ковид-19.
Ставовите на Јидон, кој честопати се претставува како поранешен потпретседател на „Фајзер“, беа објавени на социјалните мрежи на германски, португалски, дански и чешки јазик.
Она што му дава кредибилитет на Јидон е фактот дека тој работел за Фајзер, изјави за Ројтерс Имран Ахмед, извршен директор на Центарот за борба против дигитална омраза, организација што се бори против дезинформации на Интернет. „Биографијата на Јидон им дава лажна веродостојност на неговите опасни и штетни пораки.
Зошто Јидон се претвори од мејнстрим научник во скептик кога станува збор за вакцините против ковид-19, останува мистерија. Илјадници негови твитови кои датираат од почетокот на пандемијата укажуваат на драматична промена во неговиот став, бидејќи првично ја поддржуваше стратегијата поврзана со вакцините. Сепак, твитовите не нудат објаснување за неговата радикална промена. Некои поранешни негови колеги од Фајзер, велат дека повеќе не го препознаваат Мајкл Јидон што некогаш го познавале. Тој е опишан како образован и интелигентен човек кој секогаш инсистирал на докази и генерално избегнувал публицитет.