26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПоранешен американски разузнавач открива: „САД имаат тајни докази за НЛО кои прават...

Поранешен американски разузнавач открива: „САД имаат тајни докази за НЛО кои прават работи за што луѓето сè уште немаат технологијата“

Има многу повеќе сведоштва отколку што е прикажано во јавноста. Зборуваме за објекти кои ги гледале воените пилоти на САД или ги снимиле сателитите, и кои извршувале работи кои е тешко да се објаснат, изјави поранешниот директор на американското национално разузнавање Џон Ратклиф.

Поранешниот директор на американското национално разузнавање Џон Ратклиф во интервју за водителката на „Фокс њуз“ откри, на помалку шокантен начин, колку за НЛО, всушност знае владата на САД и што светот видел досега, а што не.

Сега има извештај кој треба да го објави Пентагон, секретарот за одбрана и директорот на националното разузнавање. Лично, сакав да ги објавам тие информации порано и да ги декласифицирам пред да ја напуштам канцеларијата, но не можевме да ги декласифицираме доволно брзо, рече Ратклиф во интервју за водителката на Фокс Њуз, Марија Бартирома.

Но, искрено, има многу повеќе сведоштва отколку што е прикажано во јавноста. Некои од нив се декласифицирани. Кога зборуваме за сведоштва, зборуваме за предмети што ги гледаат американски воени пилоти или ги снимаат сателити и вршат активности што е тешко да се објаснат, движења кои е тешко да се реплицираат и за кои немаме технологија и кои се движат со брзина на звукот без да се пробие звучната бариера. На кратко, работи на кои сме сведоци и кои е тешко да се објаснат, рече тој.

Тој повтори дека има „голем број“ на такви снимки, дека овие информации се собираат и ќе бидат објавени, така што ќе може да ги гледа секој американски граѓанин.

Кога ги гледаме овие предмети, секогаш бараме можно рационално објаснување. Времето може да предизвика визуелни нарушувања, понекогаш се прашуваме дали нашите противници имаат некаква технологија која напредувала повеќе отколку што мислевме. Но, има случаи за кои немаме соодветно објаснување и кога тие информации ќе се декласифицираат, ќе можам да зборувам малку повеќе за тоа, посочува Ратклиф.

На прашањето од малку шокираниот водител каде биле видени сите овие предмети, Ратклиф одговорил дека биле видени низ целиот свет.

Кога зборуваме за сведоштва, ќе ти кажам, не станува збор само за еден пилот или еден сателит. Обично имаме повеќе сензори кои ги забележуваат овие работи. Некои од нив се едноставно необјаснети феномени и има доста голем број што досега не биле откриени во јавноста. Мислам дека би било здраво што е можно повеќе од овие информации да излезат во јавноста за да можат американските граѓани да ги видат, рече на крајот Ратклиф.

Една недела пред Ратклиф да ја напушти функцијата, ЦИА објави вистинска ризница на досега невидени материјали за неидентификувани воздушни феномени.

Целокупното досие на документи, скоро 3.000 страници, беше објавено на веб-страницата The Black Vault.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП