24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕве што ја попречува француската економија

Еве што ја попречува француската економија

resize

Ригидниот пазар на труд во Франција, високите даноци и неефикасната јавна потрошувачка и понатака ја попречуваат економијата на Франција.

Тоа го оцени Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во вчерашниот извештај.

ММФ додаде дека Франција остварила значителен напредок во намалувањето на потрошувачката, предвидувајќи дека нејзиниот дефицит во буџетот ќе се намали на 3,9 проценти од бруто домашниот производ оваа година, од 4,8 проценти во 2012 година.

Во извештајот, сепак, се нагласува дека Франција ќе мора да ги забрза реформите во пазарот на труд. Тамошните договори за вработување го прават отпуштањето скап и сложен процес, наведува агенцијата АП.

Во извештајот се додава дека даноците кои во моментот важат за едни од највисоките на светот, ја поткопуваат способноста на Франција да се натпреварува со соседните земји.

ММФ нагласува дека Франција треба да ја модернизира јавната потрошувачка во социјална заштита на локално ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП