3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожен пад на јавниот долг на Унгарија

Можен пад на јавниот долг на Унгарија

ungarija1

Се очекува дека јавниот долг на Унгарија, благодарение на предвремената отплата на кредитот од ММФ во третиот квартал, ќе биде намален на 700 милиони форинти (2,33 милиони евра) на ниво под 80 проценти од бруто домашниот производ.

Доколку економијата напредува со соодветно темпо, јавниот долг би можел да биде намален под нивото од 2012 година од 79,2 проценти од БДП, изјави заменик претседателот на владината Агенција за управување со долгови, Ласло Андраш Борбели.

Намалувањето на јавниот долг е од клучно значење за зголемување на конкурентноста на Унгарија, додаде тој, наведувајќи дека унгарскиот долг е сличен со долговите во индустриските земји на ЕУ, но и значително поголем од значителните конкуренти во Централна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП