3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска: Загуба на фискалниот суверенитет?

Хрватска: Загуба на фискалниот суверенитет?

hrvatska2

Европската комисија има право да ја превземе контролата над буџетската политика на државите членки чиј дефицит и јавен долг се премногу високи, а со тоа државата го губи фискалниот суверенитет.

Во таа програма, Хрватска сигурно ќе влезе, пишува „Вечерен лист“.

Намалувањето на изгледите за кредитниот рејтинг на Хрватска од стабилни на негативни, кое го објави агенцијата „Standard & Poor`s“, е чекор поблиску до приклучувањето на Хрватска во процедурата наречена – прекумерен дефицит.

Станува збор за правило според кое Европската комисија има право да ја превземе контролата над буџетската политика на државите членки чиј дефицит и јавен долг се премногу високи, со што таа држава го губи својот фискален суверенитет. Весникот анализира дека во оваа програма, Хрватска најверојатно ќе влезе оваа зима.

Од „S&P“ потсетуваат дека во последните пет години реалниот бруто домашен производ вкупно се намалил за 12 проценти, главно поради реалниот пад на потрошувачката од 12 проценти и реалниот пад на инвестициите од 15 проценти. Тие за оваа година не очекуваат раст на хрватската економија, туку, предвидуваат дополнителен пад од еден процент.

Во 2013 година хрватскиот фискален дефицит најверојатно ќе биде поголем од три проценти од БДП, а јавниот долг на државата се приближува кој критичното ниво од 6 проценти од БДП.

Од друга страна, Европската комисија пред неколку месеци процени дека дефицитот во буџетот во 2013 година ќе изнесува 4,2 проценти од БДП. Доколку Хрватска со оваа бројка навлезе во процедурата прекумерен дефицит ќе следи: -откако ќе утврди дека земјата ги исполнува условите, ЕК издава документ со препораки што треба да се направат за да излезе од ситацијата прекумерен дефицит и тој документ го испраќа во Советот на ЕУ. Потоа се дефинира и рокот во кој е потребно да бидат превземени тие мерки, а од земјата се бара да постигне најмала годишна корекција од 0,5 проценти од БДП. Во случајот на Хрватска, тоа би значело дека земјата мора да го намали дефицитот од 4,2 на 3,7 проценти од БДП, односно околу 1,5 милијарди куни.

Доколку Хрватска не ги исполни условите поставени од ЕК, следат санкции, како што е укинувањето или замрзнувањето на средствата од фондовите на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП