24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткриен нов вид на коронавирус, невидлив на PCR тестот

Откриен нов вид на коронавирус, невидлив на PCR тестот

Започна истрага во Бретани, Франција, откако беа откриени осум носители на нова варијанта на коронавирус со геномско секвенционирање.

Францускиот Министер за здравство рече дека се чини дека оваа нова варијанта не е позаразна и дека не предизвикува потешка форма на болеста ковид-19, пишува порталот Зимо.

Сепак, на прес-конференција, француските здравствени власти изразија загриженост за фактот дека оваа нова варијанта избегнува откривање со стандардни PCR тестови. Белгискиот вирусолог и меѓу-федерален портпарол на ковид-19 – Стивен ван Гуш, објасни дека осум пациенти покажале вообичаени симптоми на ковид-19, но дека PCR тестовите упорно покажувале негативни резултати на нив.

Појавата на новата варијанта доаѓа во време кога Франција бележи ново зголемување на бројот на заразени лица, а нејзиниот претседател Емануел Макрон предупредува на нови мерки за затворање во следните неколку дена. Светската здравствена организација ја категоризираше новата варијанта како „варијанта под истрага“, а не како „загрижувачка варијанта“, како што беше случај со, на пример, британските, јужноафриканските и бразилските варијанти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП