20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕве кога креаторот на првата „антиковид“ вакцина очекува крај на затворањата

Еве кога креаторот на првата „антиковид“ вакцина очекува крај на затворањата

Угур Сахин, основачот на BioNTech, кој разви вакцина против kovid-19 со Pfizer, верува дека вирусот ќе биде под контрола во повеќето европски земји и во САД до крајот на летото.

Имено, Германците се повеќе нестрпливи во однос на ограничувачките мерки воведени поради коронавирусот, а владите на земјите од Европската Унија беа критикувани за бавната вакцинација на населението и тешкотиите при набавката на вакцините.

Сахин верува дека овие проблеми се привремени, дека е можно да се вакцинираат 70% од Германците до крајот на септември и дека вирусот тогаш нема да претставува таков проблем.

„Во многу европски земји и САД, повеќе нема да ни требаат општи затворања до крајот на летото“, рече тој за неделникот Велта.

„Ќе има појава на вирусот, но тоа ќе биде шум во позадина. Ќе има и мутација, но тоа нас нема да не исплаши.“

Досега, скоро девет проценти од населението во Германија примило барем една доза на вакцина. Во Британија, повеќе од 50 проценти од граѓаните примија една доза.

Со овие предвидувања, креаторот на првата вакцина против коронавирусот малку ги „смени“ првичните проценки, кои ги имаше на почетокот на февруари.

Имено, Сахин тогаш изјави дека верува дека ќе се вратиме на нормалниот живот најдоцна до летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП