25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ засега нема да доставува вакцини во сиромашните земји

ЕУ засега нема да доставува вакцини во сиромашните земји

Европската Унија во моментов не може да донира вакцини против коронавирус во посиромашните земји, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Постои голем притисок врз земјите-членки да набават вакцина за себе“, рече Фон дер Лајен за „Функе медија груп“.

Сепак, шефицата на ЕК ја нагласи финансиската поддршка на Унијата за иницијативата „Ковакс“ и напорите на Светската здравствена организација да им обезбеди на посиромашните земји пристап до вакцините.

„Европската Унија инвестираше 2,2 милијарди евра во оваа иницијатива. Ковакс веќе испорача 30 милиони дози во 52 земји”, рече Фон дер Лајен.

Механизмот што му овозможува на блокот да споделува вакцини директно со другите земји нема да започне „сè додека немаме подобра состојба на производство во ЕУ“, рече шефицата на Комисијата.

Лајен вчера се закани дека може да и забрани на „Астра зенека“ да извезува вакцини надвор од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП