26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКартичките и пин кодовите се минато: Воспоставен е нов систем на повлекување...

Картичките и пин кодовите се минато: Воспоставен е нов систем на повлекување пари на банкоматите!

Банкоматите се поставени во Сингапур со имплементирана технологија за препознавање лица – нема да ви треба картичка или ПИН за повлекување пари.

Иако полека одиме кон општество во кое книжните пари (делумно) ќе се заменат со картичките и мобилните телефони како примарни, а еден ден можеби и единствен начин на плаќање, за многумина денес, животот без готовина е незамислив. За подигање готовина, веќе долго време, освен во некои исклучоци, не се оди во банка, туку се вадат пари на банкомати. Во иднина, наместо да ја доближите или вметнете картичката во назначениот отвор на банкоматот, ќе биде доволно да подигнете готовина само ако погледнете во банкоматот.

Таквите банкомати веќе се користат во светот, а пионер е Кина, каде пред шест години беше поставен банкомат со поддршка за препознавање на лице како метод за верификација на корисникот, а истата технологија ја користеше шпанска банка во 2019 година. Дека на банкоматите картиците може да се заменат со биометрија веруваат и ОЦБЦ банка во Сингапур, и оваа банка неодамна ги постави првите банкомати за кои на корисниците не им требаат банкарски картички, туку е имплементирана технологија за препознавање лице. Банкоматите доаѓаат со безбедносни опции кои спречуваат измама и употреба на фотографии, видеа или маски за автентикација. Сè што треба да сторат корисниците е да го внесат својот единствен идентификациски број и да застанат пред камерата која поддржува технологија за препознавање лице.

На почетокот, банката сепак ќе нуди ограничена услуга, така што корисниците кои ќе се најават на банкомат со поглед, без картичка, ќе можат да го гледаат само салдото на сметката. Доколку нема проблеми за одреден период, ОЦБЦ банка ќе обезбеди нови опции како што е повлекување готовина од банкоматите. Најчесто, за овие две активности, проверка на состојбата на сметката и подигнување на готовина, се користат банкомати. Покрај тоа, со текот на времето, сингапурската банка има намера дополнително да ги прошири можностите за користење на банкоматите со имплементираната опција за препознавање лице, а преку нив може да се плаќаат кредитни картички, испраќање пари итн.

Како предност на овој начин на користење на банкоматите без картички, банката ја нагласува безбедноста, затоа што картичките можат да бидат украдени, односно измамниците би можеле да украдат информации за картичките и ПИН кодовите со поставување на специјални уреди на банкоматите, додека биометриската проверка би требало да биде посигурна .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП