Загрижувачки е тоа што бројот на заразени со Ковид-19 во светот се зголемува четврта недела по ред, откако се намали шест недели во јануари и февруари, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој рече дека во моментот, бројот на смртни случаи продолжува да опаѓа, но со побавно темпо. Првиот човек на СЗО нагласи дека станува збор за загрижувачки трендови што го покажуваат влијанието на мутациите на вирусот, отворањето на општествата и нерамномерното вакцинирање на популацијата.

