19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија одобри стимулативен пакет вреден 38 милијарди евра

Италија одобри стимулативен пакет вреден 38 милијарди евра

Италијанскиот премиер Марио Драги рече дека пакетот мерки за помош на бизнисот во врска со пандемијата од 32 милијарди евра, што беше одобрен во петокот, ќе биде проследен со повеќе стимулации за економијата, пренесува „Bloomberg“.

„Ова е само првиот чекор“, рече Драги на прес-конференција откако неговата владејачка коалиција положи заклетва на 13-ти февруари.

На состанокот на владата со кој претседаваше Драги, поранешниот гувернер на Европската централна банка, владата во петокот го одобри таканаречениот декрет за поддршка, дел од поширокиот напор на владата за зајакнување на финансиите на земјата.

„Ова е делумен одговор, но тоа е максимумот што можеме да го направиме во оваа рамка“, рече Драги.

Новиот пакет брзо ќе внесе околу 11 милијарди евра во економијата во април и исто така ќе формира фонд за финансирање на производство на вакцини во Италија.

Под водство на Драги и неговиот претходник Џузепе Конте, Италија одвои повеќе од 130 милијарди евра за борба против економските последици од Ковид-19. Покрај тоа, земјата треба да добие околу 205 милијарди евра од фондот за вонредни состојби на Европската унија.

Владата се очекува да обезбеди поголема поддршка на уништената економија за да се надомести влијанието на ограничувањата врз движењето и активноста. Италијанскиот БДП се намали за скоро 9% во 2020-та година, а државниот долг достигна 156% од БДП-то на крајот на минатата година.

Драги вети дека ќе ја забрза кампањата за вакцинација на која се потпре да го победи коронавирусот и да ја рестартира економијата. Италија планира да ја удвои стапката на вакцинација на половина милион луѓе на ден до средината на април и да вакцинира 80% од населението до крајот на септември.

Италија дистрибуираше 7,3 милиони дози на вакцина, со само 3,8% од популацијата целосно имунизирана. Со повеќе од 3,3 милиони случаи на Ковид-19 и повеќе од 100.000 смртни случаи од почетокот на пандемијата во минатата година, Италија е меѓу најтешко погодените во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП