25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЏеф Безос го купи Washington Post

Џеф Безос го купи Washington Post

post

Сопственикот на „Amazon“, Џеф Безос го купи „Washington Post“ за 250 милиони долари, се вели во соопштението на весникот.

„Купувачот е компанија која е во сопственост на Безос како лице, а не на „Amazon Inc““, истакнуваат од медиумот.

Со оваа продажба се стави крај на цели 80 години контрола на акциите од семејството Греам. Причина за трансакцијата се тешкотиите со кои соочува вестникарската индустрија, коментира извршниот директор на компанијата, Доналд Греам.

Philip L. Graham, Eugene Meyer

Тој додава дека за купувач Безос е избран поради неговиот бизнис и компетентноста во технологијата, како и за неговото стратешкото размислување.

Од своја страна, новиот сопственик изјави дека е свесен за важната улога на „Washington Post“ и дека нема да ги промени вредностите на медиумот. Внуката на Греам, Кетрин Греам ќе ја задржи функцијата на генерален директор и издавач на весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП