18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се откупи вишокот тутун од реколта 2020 година

Ќе се откупи вишокот тутун од реколта 2020 година

Владата ја усвои информацијата за состојбите за откуп на тутун од реколта 2020 година и донесе заклучок да му се укаже на Тутунскиот комбинат – Прилеп да ги преземе сите активности да се откупат дополнителни 700 тони тутун од вишокот од последната реколта.

Како доминантен сопственик на Тутунскиот комбинат – Прилеп, Владата преку својот претставник во ова акционерско друштво ќе иницира постапка за реализација на овој заклучок на собранието на акционерите на Тутунскиот комбинат –  Прилеп.

Во врска со овие заклучоци Владата ги задолжи заменик-претседателот на Владата за економски прашања,  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и министерот за финансии во рок од 15 дена од ковид-програмата да обезбедат привремена финансиска поддршка за откуп на тутун со рок на враќање 10 декември 2021 година.

На седницата Владата ја усвои и информацијата дека неколку откупни претпријатија изразија подготвеност да откупат уште речиси 600 тони од вишокот тутун од реколтата 2020, како и информацијата дека Тутунскиот комбинат – Прилеп ја презема реализацијата на 785 договори од „Далија табак“ – Делчево за откуп на тутун од производителите бидејќи оваа компанија не ги обезбеди потребните средства за откуп на 455 тони предвидени со овие договори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП