18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHSBC затвора дипломатски сметки

HSBC затвора дипломатски сметки

hsbc-cash-_6d98e62927

Британската банка „HSBC“ дала рок од 60 дена на 40 дипломатски мисии да ги затворат своите сметки во финансиската институција заради постапка за намалување на ризикот.

Од месец мај 2011-та година е во тек мерка за ревидирање на односите на „HSBC“ со нејзините клиенти – правни лица. Трезорот нагласува дека ова се однесува на дипломатските мисии како и со сите други свои клиенти.

Меѓу погодените е дури и мисијата на Ватикан. Од британското Министерство за надворешни работи најавија дека ќе им помагаат на дипломатските претставништва да ги пренасочат исплати во други британски банки, но дипломати велат дека процедурата сериозно ја отежнува нивната активност.

Амбасадите имаат средства на сметки во локалните банки за различни плаќања како плати, наемнини на простории како резиденции на амбасадори и услуги, а исто така добиваат исплати за издавање на пасоши и визи.

Банките почнаа да гледаат на амбасадите како на извори со зголемен ризик. Во некои случаи се работи за политички причини, а во други поради опасноста дека преку нивни сметки се врши перење на пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП