28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо светот сега се раѓаат повеќе близнаци од кога и да било

Во светот сега се раѓаат повеќе близнаци од кога и да било

Во светот сега се раѓаат повеќе близнаци од кога и да било порано. Главните причини за ова се зголемената примена на ин витро оплодување (ИВФ) и основање семејство во подоцнежните години од животот.

Демографот Кристијан Монден од Универзитетот во Оксфорд и неговите колеги анализирале податоци од 165 земји од 1980 до 2015 година. Глобалната стапка на наталитет кај близнаците се зголемила една третина од 80-тите, од 9 на 12 на 1.000 раѓања.

Најголем пораст е забележан кај неидентични близнаци, односно оние што се развиваат од одделни јајце-клетки. Стапката на наталитет на идентични близнаци останала приближно иста во сите овие години.

„Најголемиот фактор во зголемувањето на раѓањата близнаци во земјите со висок и среден приход е зголемената употреба на третмани за плодност“, вели Монден.

Жените што земаат хормони шт го стимулираат производството на јајце-клетки, најверојатно, ослободуваат две одеднаш, пишува New Scientist.

Исто така, на клиниките на кои се прави ин витро во матката се ставаат два, три или повеќе ембриони истовремено за да се зголемат шансите барем еден да преживее. Ова може да доведе до развој на близнаци, тројки или четворки.

Бидејќи бебињата се склони на поголеми здравствени ризици за време на ваквите бремености, како што се предвремено раѓање или недоволна тежина, многу здравствени агенции сега препорачуваат да се стави еден ембрион во матката што би значело дека може да има пад на наталитетот на близнаците во иднина.

Освен ин витро оплодувањето, уште еден фактор е важен за зголемувањето на раѓањето на близнаци – создавање семејство на подоцнежна возраст. Имено, постарите жени почесто од помладите ослободуваат две јајце-клетки истовремено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП