20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„HSBC“ преговара за продажба на францускиот бизнис

„HSBC“ преговара за продажба на францускиот бизнис

„HSBC“ влезе во последната фаза од преговорите за продажба на францускиот бизнис со приватен капитал на „Cerberus“, пишува „Reuters“.

Планираното издвојување е дел од стратегијата на извршниот директор на „HSBC“, Ноел Квин за намалување на трошоците во целата банкарската група, а „Reuters“ претходно објави дека „Cerberus“ е меѓу двајцата преостанати понудувачи.

Разговорите се условени од цената и условите и не мора да резултираат со продажба, изјави извор за „Reuters“.

Портпаролката на „HSBC“ одби да даде коментар, додека не беше можно веднаш да се добие коментар ниту од „Cerberus“.

„HSBC“ работи со „Lazard“ да ги продаде своите 270 филијали за малопродажбата во Франција, но се бори да привлече интерес бидејќи понудувачите се во дилема околу трошоците за преструктуирање и сложените разговори со локалните регулатори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП