23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоронaкризата ќе ја чини Германија 250 милијарди евра

Коронaкризата ќе ја чини Германија 250 милијарди евра

Вкупната загуба на германската држава и граѓаните поради пандемијата предизвикана од Ковид-19 досега изнесуваше околу 250 милијарди евра, пресметана од Институтот за германска економија во Келн (IW), точно една година по првата блокада што започна на 14-ти март, 2020-та година.

Досега повеќе од 16.000 компании прогласија банкрот, а има уште 5.000 таканаречени „зомби“ компании кои немаат шанси за опстанок. Основа за пресметувањето е моделирање на развојот на деловната активност во свет без Ковид-19 и споредба со реалната состојба.

„Коронакризата беше и сè уште е огромен шок за германската економија“, вели Михаел Хутер, директор на Институтот.

„Пакетите за помош на федералната влада и поволностите со скратено работно време спречија уште полоши последици, но не сите компании беа во можност да ја надминат оваа тешка фаза. Се надеваме дека стапката на вакцинација ќе се зголеми за компаниите конечно да планираат повторно и да гледаат кон иднината со поголема самодоверба“, рече Хутер.

Затворени продавници, нарушени синџири на снабдување, милиони луѓе кои работат со скратено работно време: пандемијата ги потресе скоро сите области на економијата, а особено долгорочните блокирања имаат негативно влијание врз компаниите.

Во првиот квартал на 2020-та година, според пресметките на „IW“, бруто домашниот производ падна релативно малку. Ова беше проследено со шок во вториот квартал: предвидениот БДП без короната во тој период ќе беше околу 850 милијарди евра, а всушност тој беше околу 100 милијарди евра помалку. Во третиот квартал, особено во летните месеци, разликата повторно беше значително намалена, но не исчезна целосно. Со уште една блокада од крајот на 2020-та година, загубите повторно се зголемија. Според Келнскиот институт, пандемијата веројатно ќе чини над 50 милијарди евра само во првиот квартал од 2021-ва година.

Многу компании не можеа да ја издржат кризата и покрај одложувањата во прогласувањето на неликвидност и државната помош: околу 16.300 компании банкротираа во 2020-та година. И на тој број треба да се додадат околу 5.000 таканаречени „зомби“ компании кои и покрај помошта, тешко дека имаат шанси да преживеат.

„Постојат зголемени барања за помош на економијата во коронакризата. Затоа ресорниот министер Питер Алтмаер свика виртуелен самит. Но, на економијата и требаат многу повеќе од убави зборови“, вели Хенрик Бахме.

Се знаеше дека редовниот есенски извештај на водечките германски економски институти ќе излезе лош поради Ковид-19, но не и толку лош. Сепак: станува се подобро. И ако нема нови несреќи, на крајот на 2021-ва година, тие ќе се вратат на старите патеки.

Германската економија во моментов добро се справува со кризата предизвикна од овој вирус. Во времето на пандемијата, државата и помагаше на економијата со милијарди евра. И беше успешно. Но, сега старите конфликти се враќаат, а бројот на инфекции расте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП