22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКатастрофална загуба на „Fraport“ во 2020-та година

Катастрофална загуба на „Fraport“ во 2020-та година

Германскиот аеродромски оператор „Fraport“ минатата година ја заврши со загуба од дури 657,6 милиони евра, откако оствари профит од 420,7 милиони евра во 2019-та година.

Причината е пандемијата од Ковид-19, која минатата година сериозно го наруши воздушниот сообраќај ширум светот. Приходите на групацијата паднаа за 54,7 проценти, на 1,68 милијарди евра, објави „Fraport“.

Минатата година загубата на Групацијата изнесуваше 690,4 милиони евра, додека загубата поврзана со редовните сопственици на капиталот на матичното друштво изнесуваше 657,6 милиони евра. Загубата пред каматата, даноците и амортизацијата достигна 250,6 милиони евра, откако „Fraport“ забележа профит од 1,18 милијарди евра во 2019-та година.

„Fraport“ генерираше загуба од 708,1 милиони евра од работењето во минатата година, и добивка од 705 милиони евра во претходната година, се вели во деловниот извештај објавен на веб-страницата. Минатата година во групата беа вработени просечно 21.164 лица, што е за шест проценти помалку отколку во 2019-та година.

На аеродромот во Франкфурт, најголемиот во групата, бројот на патници минатата година паднал за 73,4 проценти, на 18,8 милиони во споредба со 2019-та година. Тоа е нивото што аеродромот последен пат го забележа во 1984-та година, напиша извршниот директор на „Fraport“, Штефан Шулте, со кого Франкфурт остана шести на европската листа на големи аеродроми. Бројот на патници се очекува малку да се опорави во оваа година, но не треба да надминува 25 милиони.

Товарниот сообраќај во Франкфурт исто така падна за 8,5 проценти, на 1,9 милиони тони. Во однос на товарниот транспорт, аеродромот во Франкфурт останува најголем во Европа.

Оваа година се очекува профитот пред каматата, даноците и амортизацијата на групацијата „Fraport“ да се движи помеѓу 300 и 450 милиони евра. Оперативниот резултат и нето добивката се очекува да останат негативни. „Fraport“, како и минатата година, не се очекува да подели дивиденда на акционерите и во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП