29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот капитализира повеќе од Visa и MasterCard заедно

Биткоинот капитализира повеќе од Visa и MasterCard заедно

Вредноста на криптовалутата биткоин е поголема од двете најголеми светски мрежи за плаќање со картички Visa и MasterCard, чија заедничка вкупна пазарна капитализација е 871 милијарди долари.

Според најновите податоци од пазарот на крипто-валути, биткоинот моментално капитализира нешто повеќе од 1,0 трилион долари. Дигиталната монета од нула стигна до пазарна вредност од 1.000 милијарди долари, 3,6 пати побрзо од „Microsoft“, пренесува Раша Тудеј.

Најстарата дигитална валута во светот минатата недела достигна рекордна цена од 61 700 американски долари и беше исто така повредна од трите најголеми банки во светот заедно. Во тоа време, нејзината пазарна капитализација се приближуваше на нивото од околу 1,15 трилиони долари, додека вредноста на „JPMorgan“, Bank of America и Industrial and Commercial Bank of China (ICBC) заедно изнесуваше 1,08 трилиони долари.

Извори од “Econometrics” за анализа на крипто-пазарот велат дека на 13 март, вредноста на биткоинот била иста како 45 проценти од средствата на инвеститорите инвестирани во златото и дека тоа одговара на уделот на 10 проценти од физичкиот пазар на злато како целина, објави порталот Cointelegraph.

За навистина да се “затемни” сјајот на злато, биткоинот треба да се тргува по цена од 590 000 американски долари, додаваат изворите.

Во вторникот попладне се тргуваше со биткоинот по цена од 54.865 долари за една монета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП