26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche Panamera отсега и на жешкиот скопски асфалт

Porsche Panamera отсега и на жешкиот скопски асфалт

DSC_0778

Само неколку дена по европската премиера на фестивалот на брзината во Гудвуд, престижниот „Porsche Panamera“ од втората генерација пристигна и во Македонија! Вработените во „Porsche Macedonia“, како и сите посетители на салонот кои веќе го видоа автомобилот, не останаа рамнодушни на „убавецот“ кој освојува со својот ексклузивен дизајн, моќност на моторот и техничка перфекција, а отсега „Porsche Panamera“ ќе плени погледи и по скопските улици.

„Panamera“ е вистинско олицетворение на се она што  го карактеризира името „Porsche“ во светот на автомобилите – страст, моќ, возбуда, прецизност и престиж. „Panamera“ од втората генерација повторно претставува хармоничен спој на спортски дух и секојдневна практичност, традиција и иновација, ексклузивност и општествена прифатливост, дизајн и функционалност.

DSC_0781

Автомобилот импресионира со перфекцијата во деталите и софистицираната технологија, сето тоа завиткано под велот на ултрамодерен дизајн и нов начин на размислување.

Редизајнираната надворешност е инспирирана од новата генерација на „Porsche 911“ – истакнати линии, нови LED предни светла, поголеми отвори за воздух и заостренa силуета во задниот дел. Оптимирани се системите за безбедност и погодност како радарска контрола на растојание, а новина е и технологијата за препознавање на сообраќајните знаци со помош на радарската камера.

DSC_0745

Удобноста ја гарантираат комфорните спортски седишта со можност за греење и вентилација, како и изборот на повеќе бои и видови кожа. Информацискиот систем, навигацијата и системот за озвучување од највисока класа се лесно достапни и прегледни благодарение на големиот екран чувствителен на допир во инструмент таблата и модулите за поврзување со различни периферни уреди.

Под хаубата се забележуваат најголемите промени во однос на претходната генерација. Комплетната палета на втората генерација се состои од 10 модификации. Основниот модел е V6 дизел моторот со 250 КС и забрзување од 0 до 100 km/h за 6,3 секунди, додека топ модел во понудата е верзијата „Porsche Panamera Turbo“, која може да се нарача и во продолжена верзија – „Executive“. Моторот е 4.8-литарски V8 мотор со 520 КС, времето за забрзување од 0 до 100 km/h e само 4,2 секунди, а максимална брзина е 305 km/h.

DSC_0824

Како најекономична верзија во палетата се издвојува и „Porsche Panamera S“ со „E-Hybrid“ и „plug-in“ технологија, синхронизиран електромотор со вкупна моќност од 416 КЅ, максимална брзина од  270 km/h и просечна потрошувачка од само 3,1 l/100 km.

„Panamera“ го прави возењето на голем туристички автомобил поудобно и позабавно, а возењето на лимузина неповторливо динамично, на особена радост на љубителите на висококвалитетните автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП