29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТИРЗ остануваат носители на извозот во земјава со речиси 48% удел

ТИРЗ остануваат носители на извозот во земјава со речиси 48% удел

Трендот на зголемени економски активности во технолошко индустриските зони продолжува и во вториот месец од годинава – покажува најновата анализа на Дирекцијата за ТИРЗ.

Компаниите активни во зоните учествуваат со 48% од вкупниот извоз во националната економија, што е за 3 процентни поени повеќе од декември, со тенденција за понатамошен пораст. Истовремено вкупниот извоз од зоните во февруари 2021 е за речиси 17% зголемен во однос на февруари 2020 година. Овој пораст е за 1,6 процентни поени повисок од порастот на вкупниот извоз во јануари 2021, во однос на јануари лани.

И во однос на увозот компаниите во ТИРЗ учествуваат со околу 40% од вкупниот увоз во С.Македонија и во февруари изнесувал 249,3 милиони евра. Споредбено во рамки на зоните во февруари 2021 е регистриран благ раст од околу 2% во однос на февруари 2020. Покриеноста на увозот со извоз останува значителнна. Така, во февруари 2021 нето извозот достигнува скоро +20%, што е раст во однос на јануари 2021 за 2 процентни поени. Споредено со вкупната економија, покриеноста на увозот со извоз во јануари 2021 има позитивен тренд на подобрување од околу десет проеценти, но сеуште е во минус 15,3%.

Бројот на вработени во зоните останува стабилен и во вториот месец од годинава. Во овие компании работат над 14.000 лица, при што кај дел од компаниите во тек се постапки за прием на нови работници. Според анализите на Дирекцијата за ТИРЗ, постојните договори со инвеститорите пресвидуваат обврска за креирање на нови 7.500 работни места.

Имено ТИРЗ интензивно работи на развој на нов сет мерки за развој на човечкиот капитал, кој ќе придонесе кон поголема продуктивност и поголеми плати. Во овие процеси, иницирани од Дирекцијата за ТИРЗ, веќе се вклучени неколку меѓународни партнери како и компаниите инвеститори.

ТИРЗ веќе го имплементира и нов модел на пооттикнување на инвестициите, кој се фокусира на потребите на инвеститорите според кои се прилагодуваат и мерките и поддршката од државата. Само за последните три месеци во Дирекцијата за ТИРЗ се најавени или пристигнати писма за намери од повеќе постојни и нови инвеститори, со вкупен износ на нови инвестиции помеѓу 80 – 100 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП