25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИЈЗ: Се зголемува бројот на нови случаи заразени од Ковид-19

ИЈЗ: Се зголемува бројот на нови случаи заразени од Ковид-19

Бројот на новозаразени лица од Ковид-19 во периодот од 8 до 14 март 2021 се зголемил 7,3 проценти, известува Институтот за јавно здравје.

Оваа бројка, додаваат од таму, произлегува по направени 22.625 теста во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2 минатата недела.

Регистрирани сe 5.456 нови позитивни случаи на Ковид-19 од 34 града во државата со зголемување од 22,2 % во однос на минатата недела, информираат од ИЈЗ.

Најголем дел од регистрираните случаи е од Скопје.

Највисока неделна инциденца од 809,6/100.000 е регистрирана во Демир Капија.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 19,4 до 27,4 % или во просек 23,9 %, идентично како минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години.

Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 со 19,5 %, потоа следуваат лицата од 40 до 49 со 17,9 %, па лицата од 50 до 59 со 16,8 % и лицата од 20 до 29 години со 12,8 %.

Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 и од 10 до 19 години.

Пријавени биле 129 смртни случаи од 21 град, 2,3 пати повеќе во однос на минатата недела.

Во однос на возраста, 110 лицa биле над 60 години, 17 лица на возраст од 50 до 59 години и две лица од возрасната група 40-49 години.

Од Институтот информираат дека на 17.2.2021 во државата почна вакцинацијата против Ковид-19, а заклучно со 15.3.2021 вкупно се вакцинирани 5.061 здравствен работник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП