5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Фарските острови го искоренија Ковид-19

Како Фарските острови го искоренија Ковид-19

Фарските острови се добро изолирани од коронавирусот и многу внимаваат да не дозволат тој повторно да влезе на нивна територија.

Жителите таму се движат без маска и може да одат на трибините на стадионот.

Малиот архипелаг немал нови случаи на коронавирус со недели.

Фарските острови беа најблиску до апокалипсата на крајот на август кога беа регистрирани дури 23 случаи на новозаразени до Ковид-19 за еден ден. Таков број не бил забележан пред или по тој ден на овој архипелаг во Северен Атлантик. Но, во декември, бројките експлодираа повторно до 19 случаи на ден.

Од 26 февруари, Фарските острови немаат забележано повеќе случаи на коронавирус.

Светските медиуми анализират дека најверојатно коронавирусот е искоренет на овие осумнаесет острови.

Го поставуваат пршањето како овој архипелаг успеал да го сузбие Ковид-19.

Фарските острови се приближно оддалечени од Шкотска, Норвешка и Исланд, официјално припаѓаат на Данска, но имаат широка автономија. Околу нив живеат вкупно педесет илјади луѓе, претежно од риболов, туризам и одгледување овци.

„Јасно е дека направивме многу работи како другите“, напиша неодамна премиерот на Фарските острови.

„Тестови, следење на контакти, заклучување, информативни кампањи за граѓаните и реорганизација на здравствениот систем. Но, од друга страна, нашата стратегија беше единствена. За разлика од другите влади, ние во рана фаза одлучивме дека не сакаме да влијаеме на населението со забрани, туку давајќи препораки, рече премиерот.

„Довербата создава доверба, барем тоа беше случај тука кога жителите беа охрабрени да ги следат препораките на здравствените власти“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП