4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

news1

Тирана – Банката на Албанија ја намали својата основна каматна стапка за 0,25 отсто, на до сега најниско ниво од 3,5 отсто. Гувернерот на банката рече дека со оваа одлука Банката се обидува да ја рехабилитира економијата, да ја стимулира потрошувачката и инвестициите, за кои рече дека се ниски.

Атина – Грчкиот телеком ОТЕ објави дека формално ја заврши трансакцијата за продажба на своите подружници во Бугарија Глобул и Германос Телеком Бугарија на норвешкиот конзорциум Теленор, дознава весникот Етнос. Во соопштението на ОТЕ се наведува дека преносот на акциите е завршен по одобрената трансакција од страна на надлежните власти. Цената на продажбата на Глобул изнесува 717 милиони евра. Глобул моментално има 4,6 милиони претплатници и нејзините приходи во 2012 година изнесуваа 377,6 милиони евра.

Белград – Компанијата од Обединетите Арапски Емирари, Етихад потпиша договор за стратешко партнерство со српската авионска компанија ЈАТ. Етихад презема 49 отсто од ЈАТ, а државата со учество од 51 отсто останува мнозински сопственик на Националната авиокомпанија, која ќе се вика Ер Србија.

Белград – Влезот во недозволен минус на граѓаните на Србија чини барем три милијарди динари, пишува Вечерње новости. Имено, во црвено салдо се над 200.000 граѓани кои должат на банките речиси 4 милијарди динари. Овој износ на недозволен минус, на ниво на целиот банкарски сектор е приближно ист во текот на цела година. А затезните каматни стапки за тие кои ќе падната под линијата, главно одат од 60 до дури 80 отсто. Кредитите по тековните сметки инаку спаѓаат меѓу најскапите. Сепак, граѓаните најмногу ги користат. Според податоците на Здружението на банки на Србија, дури 4,5 милиони граѓани имаат отворенмо над 6 милиони тековни сметки. И врз основ на нив користат дозволен минус во вредност од 46,4 милијарди динари. На оваа позајмица каматните стапки главно се движат од 30 до 40 отсто на годишно ниво.

Загреб – Српскиот милијардер Филип Цептер тврди дека Хрватска му одземала 400.000 евра за ДДВ на јахтата, дека поради тоа ја тужел државата пред две години и дека сега чека пресуда. Во интервјуто за загрепски Јутарњи лист, Цептер порача дека Хрватска не му дала бродоградилиште во Краљевац, па затоа како што вели, јахтите за милијардерите ќе ги гради во Трст. Цептер откри дека од пред две недели преговара за купување на тршчанското бродоградилиште. – Од секогаш сакав да се бавам со бродоградба бидејќи мислам дека тоа е добра дејност, но под услов да имате посебен производ. Ако почнам да произведувам скапоцени квалитетни јахти, за таков производ секогаш ќе имам купувачи. Јас не морам да чекам на порачки, имам пари и можам да почнам да градам јахти, па потоа како готов производ да ги нудам на купувачите – тврди Цептер.

Вашингтон – Економијата на САД во вториот квартал оствари поголем раст од очекуваниот, го издржа притисокот поради намалување на буџетските трошоци и поголемите даноци, пишува Вашингтон пост. Весникот прецизира дека економската активност во најмноќното планетарно стопанство е зголемена, во периодот април јуни за 1,7 отсто, во однос на истиот лански период, но тој радт, како што сметаат аналитичарите, е понизок во однос на преткризното ниво. Наспроти зголемените даночни оптоварувања, побарувачката во САД прилично силно растеше, додека претприемачите ги зголемија сопствените инвестиции во второто тромесечје. Истовремено, добра динамика е забележана и на пазарот на недвижнини кој е многу важен за општото зајакнување на американското стопанство.

Лондон – Организацијата на земјите извознички на сурова нафта ОПЕК лани оствари рекорден приход со испорака на нафта во вредност од 1,26 билиони долари. Тоа е 10 отсто повеќе од 2011 година, соопштено е на нафтената берза во Лондон. Толку високиот раст на приходи од продажба на нафтата лани ОПЕК имаше благодарение на рекордната просечна цена на северноамериканската нафта од типот брент, од 111,70 долари по барел. Берзанската котација на нафтата брент е инаку основа по која ОПЕК ја утврдува сопствената референтна цена на таа суровина, Западните енергетски експерти оценуваат дека просечната пазарна цена на брент нафтата оваа година ќе се движи во тесен распон околу 106 долари за барел, приближно 159 литри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП