25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНЕВЕРОЈАТНО: „Техно“ милионерите побогати за 360 милијарди долари

НЕВЕРОЈАТНО: „Техно“ милионерите побогати за 360 милијарди долари

Богатството на девет американски „технолошки“ милијардери се зголемило во годината на пандемијата за повеќе од 360 милијарди долари, пишуваат американските медиуми.

Сите тие се технолошки титани, а меѓу лидерите се и основачот на Тесла, Илон Маск, кој го зголеми своето богатство за четири пати, а тука се и првиот човек на Амазон, Џеф Безос, основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберг и ко-основачите на Гугл, Лери Пејџ и Сергеј Брин .

Во текот на 2020 година, која секако беше одбележана со општата, здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот КОВИД-19, неколкупати беше спомнат „безобразниот“ вртоглав раст на богатството на одредени светски милијардери, пред се технолошки милијардери.

Маск го зголеми своето богатство за фантастични 118 милијарди долари, Безос е побогат за 58 милијарди долари, Пејџ и Брин за вкупно 65 милијарди долари, Закерберг за 29 милијарди долари, Гејтс за 24 милијарди долари, Лери Елисон од Оракл за 28 милијарди долари, поранешниот шеф на Мајкрософт Стив Балмер за 23 милијарди долари и Мајкл Дел од Дело за 18 милијарди долари.

„Пандемично“ проширување

Проширувањето на богатството на девет техно-милијардери може првенствено да се припише на улогата на нивните компании за време на коронската криза.

Пазарната капитализација на Apple минатата година ја надмина границата од две илјади милијарди долари, што го натера нејзиниот извршен директор Тим Кук да стане милијардер.

За време на пандемијата, Амазон оствари значителни профити од луѓето кои купуваа преку Интернет.

Бидејќи компаниите се префрлија на модели за телекомуникација, вработените сè повеќе се потпираат на услугите на компјутерски облак, каде што клиентите изнајмуваат складирање на податоци од компании, вклучувајќи ги Гугл, Фејсбук и Мајкрософт.

Гугл и Фејсбук исто така имаат корист од закрепнувањето на интернет-маркетингот, како и зголемената побарувачка за сигурни алатки за комуникација.

Сенатор: Повеќе не можеме да толерираме милијардери

Сепак, овој неверојатен скок е во контраст со милиони Американци, економски уништени од зголемувањето на невработеноста и отпуштањата, што само го зголеми акцентот на проблемот со нееднаквоста и распределбата на богатството.

На пример, 360 милијарди долари, за колку што се побогати од споменатите девет, е само за 50 милијарди пониско од првиот пакет државна помош за Американците погодени од пандемијата, а една од најгласните реакции ја испрати сенаторот Берни Сандерс.

„Според мене, веќе не можеме да толерираме милијардери како Безос, Цукерберг и Маск, кои стануваат непристојно побогати во време на невидени економски болки и страдања“, напиша Сандерс во е-пошта до Вашингтон пост.

Дојде време да се оданочи нивното богатство и да се „поделат“ технолошките гиганти и другите големи конгломерати кои го презедоа монополот над скоро секој сектор од нашата економија, нагласи Сандерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП