5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ги „ослободува“ патниците кои ја примиле кинеската вакцина

Кина ги „ослободува“ патниците кои ја примиле кинеската вакцина

Кина објави дека ќе ја поедностави постапката за издавање визи за странски државјани кои биле вакцинирани со една од кинеските вакцини против ковид-19.

Вакцинираните патници кои пристигнуваат во Кина со авион, сепак мора да имаат негативен тест за коронавирус, како што налагаат важечките правила, рече претставникот на Министерството за надворешни работи, Жао Лиџијан.

Нема нови детали за олеснување на визниот режим.

„Патниците треба да се придржуваат до соодветните правила за карантин и мониторинг откако ќе влезат во Кина“, рече Жао, додавајќи дека Кина е подготвена да се согласи на взаемно признавање на сертификатите за вакцинација со други земји.

Кинеската амбасада на Филипините претходно објави дека се враќа на визниот режим што важеше пред пандемијата за сите што биле вакцинирани со кинеската вакцина.

Во саботата Кина ја објави постапката за издавање визи за вакцинација на странци кои влегуваат во Хонг Конг.

Кина главно ги извезува своите вакцини во трети земји, што ги принуди САД, Австралија, Јапонија и Индија да започнат со дистрибуција на вакцини во азиските земји, искористувајќи ја т.н. „Дипломатија на вакцини“.

Кина во голема мера ја стави под контрола пандемијата на коронавирусот и се обидува да избегне ризик од „увоз“ на инфекцијата. Затоа, воведе ограничувања за влез на странци во земјата и можно е да влезат во Кина само за одредени цели, како што се деловни патувања, но со целосно почитување на мерката за карантин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП