14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроменливо облачно време со сончеви периоди

Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денеска во западните делови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во источните значително облачно, претежно со врнежи од снег.

Ќе дува засилен северозападен ветер, особено во источните делови и по должина на Повардарието, каде на места ќе достигнува брзина од над 65 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје, претежно облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и со појава на локални слаби врнежи од дожд и снег. В среда ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен по должина на Повардарието и во источните делови од замјава. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП