1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонтинуирано подобрување во францускиот приватен сектор

Континуирано подобрување во францускиот приватен сектор

fra1

Услужниот сектор во Франција во јули забележа најдобар резултат од август минатата година, со вредност на индексот на менаџерите за набавка (ПМИ) од 48,6 поени во однос на 47,2 поени кои беа забележани во јуни.

Композитниот индекс кој ги претставува услугите и преработувачката активност, кој беше објавен минатата недела, исто така, се зголеми на 49,1 поени, во однос на 47,4 поени од претходниот месец, достигнувајќи го највисокото ниво од февруари 2012 година, пренесува агенцијата АФП.

Меѓутоа, вредноста на индексот сепак е под границата од 50 поени, која го раздвојува растот од рецесијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП