3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦелта на Ферари е помала продажба, а погoлема заработка

Целта на Ферари е помала продажба, а погoлема заработка

logo-ferarija

Помалку необичната пазарна стратегија на Ферари за намалување на бројот на моделите се со цел да се нагласи ексклузивноста на автомобилите од Маранело, изгледа има дава позитивни резултати.

Во првите шест месеци од 2013-та година, приходите на компанијата пораснаа на 1.7 милијарди евра, додека нето приходите забележаа раст од 20 проценти и изнесуваат 116.2 милиони евра.

Италијанската компанија испорача вкупно 3767 возила, што е зголемување за 2.8 проценти и претставува бавен раст на темпото во споредба со првиот квартал од оваа година.

Во компанијата активно се трудат да продадат во 2013-та година под 7000 возила, но растот на продажбата во САД, Велика Британија, Германија, Јапонија и на Блискиот Исток може да ги попречи плановите на Ферари. Сепак, помалку контроверзната стратегија доведе до пад на продажбата во Кина.

Меѓутоа како што наведуваат во компанијата, новата тактика покажува успех.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП