18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple“ го запре производството на звучникот „HomePod“

„Apple“ го запре производството на звучникот „HomePod“

Американската технолошка компанија „Apple“ објави дека ќе го запре производството на својот оригинален паметен звучник „HomePod“. Наместо тоа, тие ќе се фокусираат на помалиот, подостапен и понов модел на „HomePod“, пишува „CNBC“.

Првиот звучник „HomePod“ беше лансиран во 2018-та година, но никогаш не успеа на масовниот пазар на начин на кој тоа го направија конкурентските производи, како што се „Amazon Echo“ или „Google Home“.

Иако „HomePod“ беше истакнат по својот висок квалитет на звук, тој беше достапен за 349 долари, што е значително повеќе од другите популарни уреди на пазарот. Една година подоцна, „Apple“ ја намали цената на 300 долари.

„HomePod mini“ се појави во ноември 2020-та година по цена од 99 долари и е меѓу најдобро продаваните звучници во категоријата звучници со оваа големина. Ова е токму моделот што „Apple“ ќе продолжи да го продава.

„„HomePod mini“ беше хит уште од своето деби минатата есен, нудејќи им на потрошувачите неверојатен звук, интелигентен асистент и паметна контрола на домот за само 99 долари“, изјави за „CNBC“ портпаролот на „Apple“.

„Ние ги фокусираме нашите напори на „HomePod mini“. Ние го запираме оригиналниот „HomePod“. Тој ќе биде достапен во мрежната продавница, во физичките продавници на „Apple“ и кај овластените трговци, сè додека имаме залихи. „Apple“ ќе понуди ажурирања на софтверот на корисниците на „HomePod“, како и поддршка преку „Apple Care“, додаде портпаролот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП