Биткоинот утрово се консолидираше под 60.000 долари, по новите рекордни висини забележани за време на викендот, бидејќи инвеститорите се фокусираа на инфлацијата и американскиот пакет за стимулативна потрошувачка, што ќе ја поттикне вредноста на оваа валута уште повисоко.
Најпопуларната крипто валута во светот се лизна на 58 956,90 американски долари на отворањето на тргувањето во Азија, паѓајќи од рекордната вредност од 61 781,83 долари, кој ја допре во саботата.

