6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенците треба да инвестираат 7,6 милијарди евра во железничката инфраструктура

Словенците треба да инвестираат 7,6 милијарди евра во железничката инфраструктура

zeleznica1

Словенија до 2050 година би требало да инвестира 7,6 милијарди евра во развојот и изградбата на железничката инфраструктура, за да ги исполни целите од „Белата книга“ за еколошки одржливиот развој на сообраќајот во ЕУ.

Со овие инвестиции Словенија ќе ја спречи стагнацијата на својот теретен сообраќај по 2020 година, со оглед на тоа што нејзиниот сегашен капацитет е ограничен на 22 милиони тони, оценуваат експертите.

Инвестициите во железничката инфраструктура се неопходни за исполнување на целите од „Белата книга“, предупредува стручната студија која беше објавена денес.

Во просек до 2050 година, за инвестиции во железничкиот сектор, без трошоци за одржување, би требало да се инвестираат 283 милиони евра годишно.

Околу една четвртина од овие средства, судејќи според искуствата на другите земји, би можеле да се добијат од неповратните средства од ЕУ, се вели во експертската анализа за развој на логистиката и транспортната инфраструктура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП