ПочетнаКОМПАНИИ“Витаминка” АД Прилеп оствари добивка од 24,5 милиони денари за 2020 година

“Витаминка” АД Прилеп оствари добивка од 24,5 милиони денари за 2020 година

“Витаминка” АД Прилеп за периодот Јануари – Декември 2020 година оствари добивка на износ од 24.524 илјади денари.

Вкупни приходи

Остварените единечни вкупни приходи во 2020 година изнесуваат 2.563.700 илјади денари и во споредба со остварените во 2019 година бележат пораст од 2%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги  од основна дејност,  кои во споредба со остварените во 2019 година бележат пораст од 2%.

Вкупни расходи

Остварените единечни вкупни расходи во 2020 година изнесуваат 2.548.605 илјади денари и во споредба со остварените во 2019 година бележат раст од 1%. Растот  на вкупните расходи е во корелација со оперативното работење за  2020 година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП