20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВредноста на биткоинот надмина 60.000 долари

Вредноста на биткоинот надмина 60.000 долари

Вредноста на биткоинот надмина 60.000 долари, што ја надмина рекордната вредност на таа криптовалута.

Вредноста на биткоинот на платформата Binance скокна за 5,77 проценти и достигна цена од 60 104 долари.

Од почетокот на оваа година, биткоинот порасна за 80 проценти, а во последните 12 месеци неговата вредност се зголеми за 570 проценти.

Неколку фактори придонесоа за неговиот вртоглав пораст, вклучително и зголемениот интерес на големите институционални инвеститори, како и инвестициите од корпорации како Тесла, Сквер и Микростратеџи во оваа крипто валута.

Биткоинот е криптовалута измислена од непозната личност или група луѓе во 2008 година, користејќи го името Сатоши Накамото.

Тој е децентрализирана дигитална валута без централна банка или претседател, кој може да се испрати од еден корисник на друг корисник директно, без посредници, преку биткоин мрежата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП