23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈА„СТО“: Глобалната трговија со услуги се забрзува на крајот на 2020-та

„СТО“: Глобалната трговија со услуги се забрзува на крајот на 2020-та

Глобалната трговија со услуги се забрза кон крајот на 2020-та година, објави Светската трговска организација (СТО), но растот може да се забави во првите три месеци од 2021-ва година поради повторното воведување на мерки за контрола на инфекцијата од Ковид-19.

Барометарот за трговија со услуги на „СТО“ достигна рекордни 104,7 поени на крајот на декември 2020-та година и беше за 9,1 поени повисок отколку на крајот на септември. Пред една година, на почетокот на пандемијата, имаше 91,2 поени, потсети „СТО“.

Вредност од 100 поени сигнализира раст во согласност со трендот во изминатиот период.

„Светската трговија со услуги се чини дека е во фаза на опоравување (…) Сепак, постојаната слабост во некои сектори и нерамномерната дистрибуција на вакцините за Ковид-19 фрла сомнеж дека закрепнувањето не може да биде долготрајно“, велат од „СТО“.

Индексите на набавки, товарните контејнери, градежните и финансиските услуги, соодветно, сигнализираат раст на трговијата над трендот во изминатиот период.

Влијанието на новиот бран на пандемијата се рефлектираше во тврдоглавата слабост на секторот за воздушен транспорт и падот на секторот за ИТ услуги, кои беа предизвикани од мерките на САД.

„Импулсот можеби нема да продолжи во првиот квартал од 2021-ва година, бидејќи мерките за затворање за да се спречи ширењето на заразата во вториот бран на Ковид-19, продолжуваат да вршат притисок врз вработувањето во големите економии“, посочуваат од „СТО“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП