8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе ги намалат ли банките каматните стапки на кредитите

Ќе ги намалат ли банките каматните стапки на кредитите

НБРМ ја намали каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени и од 1,5 сега изнесува 1,25 проценти на годишно ниво.

Целта на народната банка е дестимулирање на банките за купување на благајнички записи. Очекувањата се, намалување на цената на кредитите, зголемување на кредитната поддршка на приватниот сектор и ублажување на ефектите од пандемијата врз економијата.

Дали ќе се постигнат очекувањата на народната банка, затоа што во услови на криза, и кај компаниите има воздржаност од инвестирање, и кај домаќинствата од потрошувачка, што значи од задолжување.

Потенцијалот на македонските банки е висок, а кредитните пласмани носат повисоки приходи од останатите пласмани на банките.

И со намалување на каматите на кредитите банките может да ги зголемат своите приходи пренесувајки дел од пониско каматоносни пласмани(парични средства, хартии од вредност) во кредити на приватниот сектор. Притоа секако банките треба да ја одржуваат својата ликвидност спрема регулативата на народната банка.

Но, при намалување на каматните стапки искуството покажува дека банките прво ги намалуваат каматните стапки на депозитите на правните и физички лица кои депозити и во услови на пандемија растат, според податоците на народната банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП