29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАко неможе AMG, може Brabus!

Ако неможе AMG, може Brabus!

brabus

Купувачите кои нема да бидат задоволни со бројот на „коњите“ кои се спакувани под хаубата на „Mercedes S63 AMG“ и фабричкото ограничување на брзината на еден таков автомобил на 250 km/h, за исполнување на своите желби ќе мораат да се поврзат со „Brabus“.

Германските специјалисти за тјунирање на автомобилите на „Mercedes“ претставија унапредување за новата „Mercedes S сlasѕ“. Аеродинамичките додатоци вклучуваат нови браници, елементи на праговите и отвори за вентилација на предниот браник.

brabus1

Покрај тоа на купувачите им се нуди и нови спортски издувен систем, спуштена суспензија за 15 милиметри и специјално дизајнирани алуминиумски фелни со димензии од 19, 20 или 21 инч на кои се поставени пневматици на „Continental“, „Pirelli“ или „Yokohama“.

Внатрешноста може да биде тапацирана со премиум кожа или „Alcantarа“ заедно со неизбежните плочки со името на „Brabus“, а во понудата се наоѓа и врвен мултимедијален систем.

Унапредувањето поради кое на љубителите на „Mercedes“ срцето ќе им чука побрзо, нормално се наоѓа под хаубата.

brabus2

Кај верзијата „Brabus B63“ 5.5 литарскиот V8 мотор е засилен од 585 ks (430 kW) и 900 Nm максимален вртежен момент на 650 ks (478 kW) и 1.000 Nm.

На кого тоа не му е доволно може да се одлучи за уште помоќниот „Brabus B63 S“ кој со помош на електроника, новите турбо-полначи и оптимизацијата на издувниот ситем и системот за довод на воздух од истиот мотор извлекува 730 ks (537 kW) и електронски ограничени 1.065 Nm.

Максималната брзина и натаму е ограничена, но овојпат на 325 km/h.

brabus3

Подобрувањата не се однесуваат само на „AMG“ моделите. Сопствениците на „Mercedes S500“ ќе можат да го засилат 4.7 литарскиот V8 мотор со стандардни 455 ks (335 kW) и 700 Nm, на 520 ks (382 kW) и 820 Nm. Вака доработениот автомобил може да достигне брзина од 300 km/h.

„Brabus“ своите верзии на новата „Mercedes S сlasѕ“ ќе и ги прикаже на публиката на авто-саемот во Франкфурт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП