За време на редовното истражување на седум постројки за квалитетот на водата, словенечкиот Институт за биологија открил поголем скок во присуството на новиот коронавирус во отпадните води на морското крајбрежје, што може да укаже и на општо поголемо присуство на вирусот.
Лука Ренко од владиниот портал за следење на состојбата во врска со коронавирусот вели дека ситуацијата ќе се следи во наредните денови и дека една од причините за тоа може да биде британскиот вид на вирусoт, кој е во пораст во земјите од регионот.

