26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНова студија побуди голема надеж: Еден од најстарите лекови на пазарот го...

Нова студија побуди голема надеж: Еден од најстарите лекови на пазарот го намалува ризикот од инфекција со коронавирус

Еден од најстарите и најраспространетите лекови, аспиринот, спречува инфекција со коронавирус, тврдат израелски научници во новата студија.

Во студија која поминала научни прегледи, тим израелски научници откриле кај примерок од пациенти тестирани со PCR тестови на КОВИД-19, дека оние кои земале ниски дози на аспирин имале 29% помали шанси да имаат позитивен тест.

Израелските научници ги споредиле резултатите од 10.447 тестирани пациенти со медицински податоци за тоа кои превентивни лекови ги земале пациентите.

Бевме навистина возбудени кога видовме големо намалување на луѓето со позитивен резултат од тестовите, и ова ни дава ветувачки показател дека аспиринот, кој е толку добро познат и ефтин лек, може да помогне во борбата против пандемијата, вели Милана Френкел-Моргенштерн од универзитетот во Бар-Илан.

Покрај горенаведеното, израелскиот тим на научници откри уште една важна работа, а тоа е дека пациентите кои користат аспирин и им е дијагностициран КОВИД-19 имаат поголема веројатност краткорочно да бидат боледуваат, околу два дена, а со помала веројатност да страдаат од последици по инфекцијата со коронавирус.

Тоа откритие всушност се однесува на феноменот на таканаречен долг КОВИД, вели Френкел-Моргенштерн.

Уште во јуни 2020 година, израелски научник направи студија која покажа дека витаминот Д обезбедува голем поттик за организмот во борбата против КОВИД-19.

Оваа нова студија за аспиринот се фокусираше на луѓе кои внеле само 75 милиграми аспирин во телото, што е доза „за бебиња“, со цел примарна превенција од кардиоваскуларни болести и оние кои не страдаат од овие болести. Резултатите беа прилагодени за да се земат предвид возраста и коморбидитетите.

Студијата е објавена во научното списание FEBS, а нејзиниот главен автор, професорот Ели Маген од медицинскиот центар Барзилаи, истакнува дека иако набљудувањата во студијата се прелиминарни, тие се многу ветувачки.

Засега, механизмот со кој аспиринот очигледно го намалува ризикот од инфекција и потешката форма на КОВИД-19 останува непознат, но Френкел-Моргенштерн верува дека има врска со антиинфламаторните својства на лекот.

Како и да е, Френкел-Моргенштерн се надева дека прелиминарните резултати од оваа студија ќе ја надополнат вистинската студија со клинички испитувања, а во меѓувреме нагласува дека оваа нова израелска студија во никој случај не е препорака луѓето да започнат да земаат аспирин на своја рака, без медицински надзор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП