25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на „Oracle“ ги разочараа аналитичарите

Приходите на „Oracle“ ги разочараа аналитичарите

Поделбата за облак-компјутери на „Oracle“, објави квартални приходи кои не успеаја да ги исполнат очекувањата на аналитичарите по зголемената конкуренција од „Amazon.com“ и „Microsoft“ во областа на облачни услуги за работа од дистанца.

„Oracle“ соопшти дека очекува приходите во четвртиот квартал да се зголемат за помеѓу 1 и 3 проценти во постојани валути, достигнувајќи околу 10,65 милијарди долари, според проценките на „Reuters“. Аналитичарите очекуваат приходите за тековниот квартал да бидат 10,84 милијарди долари, според „Refinitiv“.

Цената на акциите на „Oracle“ падна за 6,5% на 67,44 долари по акција за време на тргувањето по четвртокот.

Со преселбата на работа од дома, многу компании беа принудени да ги префрлат своите операции во облакот, што доведе до поголема побарувачка за понуди од „Oracle“, „Azure“ на „Microsoft“ и „Amazon Web Services“.

Поддршката на облачни услуги и лиценцирање на „Oracle“, што е најголем приход, порасна за 5 проценти на 7,25 милијарди долари во последниот квартал, во споредба со прогнозата на аналитичарите од 7,27 милијарди долари.

„Започнуваме нови региони што е можно побрзо за да го одржиме нашиот брзорастечки инфраструктурен бизнис вреден повеќе милијарди долари“, рече претседателот на 2Oracle“, Лери Елисон.

За да се натпреварува со облачните услуги обезбедени од „Amazon“ и „Microsoft“, „Oracle“ се потпира на повеќе центри за податоци.

„Некои велат дека „Oracle“ станува гигант во облачните услуги, но нивниот раст е сè уште мал. И покрај значителниот напредок, приходите на „Oracle“ за третиот квартал пораснаа за само 3%. И тоа е со значителен напредок заснован на облачните услуги“, рече аналитичарот на „Third Bridge“, Скот Кеслер.

Приходите на „Oracle“ пораснаа за 3 проценти на 10,09 милијарди долари во третиот квартал што заврши на 28-ми февруари, нешто над просечната прогноза на аналитичарите од 10,07 милијарди долари.

На прилагодена основа, „Oracle“ заработи 1,16 долари по акција, што е повторно над просечната прогноза од 1,11 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП