26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБајден го потпиша историскиот пакет за закрепнување од 1,9 трилиони долари

Бајден го потпиша историскиот пакет за закрепнување од 1,9 трилиони долари

Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша предлог-законот за нов пакет од 1,9 трилиони долари за помош на Американците и стимулирање на економијата погодена од коронакризата, објави „Reuters“.

Претставничкиот дом во кој доминираат демократите, во средата го даде своето последно одобрување на нацрт-законот, давајќи му на демократскиот претседател многу важна победа во првите месеци од неговото владеење.

 „Ова историско законодавство има за цел да го врати столбот на оваа земја“, рече Бајден пред потпишувањето на нацрт-законот, кој стапнува на сила.

Претседателот ја потпиша мерката порано од планираното во четвртокот за одбележување на една година од воведувањето на рестриктивни мерки против коронавирусот.

Потпишувањето првично беше закажано за петок, но началникот на Генералштабот на Белата куќа Рон Клајн рече дека тој бил повлечен порано откако законот синоќа пристигна во Белата куќа.

„Ние сакаме да дејствуваме што е можно побрзо“, рече Клајн на „Twitter“.

Мерката предвидува 400 милијарди долари директни плаќања на 1.400 американски долари за повеќето Американци, 350 милијарди долари за помош на државните и локалните власти, проширување на даночните олеснувања за децата и зголемување на финансирањето за дистрибуција на вакцините.

Иако многу републиканци ги поддржаа економските мерки за време на поранешниот претседател Доналд Трамп, ниту еден републикански конгресмен не гласаше за предлог-законот во Претставничкиот дом или во Сенатот. Ова се случи и покрај анкетите, кои покажаа дека тој е популарен кај гласачите, дури и кај републиканците. Според анкетата на 8-ми и 9-ти март од страна на „Reuters“ и „Ipsos“, 70 проценти од Американците го поддржуваат планот, вклучително и мнозинството демократи и републиканци. Меѓу републиканците, пет од десет велат дека го поддржуваат планот, а девет од десет демократи исто така го поддржуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП